Зидан преку писмо објасни зошто си замина од Реал Мадрид, Французинот го обвини клубот

by
4 минути читање

Писмото за Зидан ви го пренесуваме во целост:

Драги мадридисти, 

Пред 20 години стапнав во градот Мадрид и го облеков белиот дрес, од првиот ден вие ми ја дадовте вашата љубов. Отсекогаш чувствував дека има нешто многу посебно меѓу нас. Имав голема чест да бидам играч и тренер на најважниот клуб во историјата, но пред се јас сум само уште еден играч на Реал Мадрид. Поради сето ова сакав да го напишам ова писмо за збогум и да ја објаснам мојата одлука зошто го напуштив клубот.

Во март 2019 година се сложив да се вратам како тренер на Реал Мадрид по пауза од околу осум месеци, го направив тоа поради тоа што претседателот Флорентино Перез ме побара и се разбира бидејќи вие секој ден ми го велевте тоа. Кога сретнав еден од вас на улица, ја почувствував поддршката и желбата да бидам повторно со тимот. Бидејќи ги делам истите вредности на Мадридисимо, овој клуб кој припаѓа на членовите, на фановите, на целиот свет. Се обидував овие вредности да ги пренесам од мене во се што работев, се трудев да бидам пример. Поминувањето 20 години во Мадрид беше најубавата работа која некогаш ми се случила мене и знам дека тоа му го должам нему, ексклузивно на Флорентино Перез кој ме донесе во 2001 година, кој се бореше за мене, кој направи да дојдам кога имаше луѓе кои беа против тоа. Го кажувам ова од моето срце, секогаш ќе му бидам благодарен на претседателот за тоа. Секогаш.

Одлучив да си заминам и сакам добро да ја објаснам причината зошто го направив тоа. Си заминувам, но не си заминувам од причина што туку така сакав да скокнам од бродот или дека сум уморен. Во мај 2018 си заминав бидејќи по две и пол години со толку многу победи и толку многу трофеи почувствував дека на тимот му е потребен нов дискурс за да остане на врвот. Денеска работите се поинакви. Си заминувам бидејќи чувствувам дека клубот веќе не ми ја дава довербата која ми е потребна, не ми дава поддршка да изградам нешто на среден или долг рок. Го знам фудбалот и ги знам барањата на клуб како Реал Мадрид, знам дека ако не победувате треба да си одите. Но тука е заборавена една многу важна работа, се е заборавено што градам на дневна основа, мојот допринос за односот со фудбалерите, со 150 луѓе кои работат со и околу тимот. Јас сум роден победник и бев тука да освојувам трофеи, но тука се и човечките суштества, емоциите, животот и имав чувство дека овие работи не беа вреднувани, дека не беше сфатено дека овие работи исто така ја одржуваат динамиката на еден голем клуб. Дури и на некој начин бев прекоруван.

Сакам да го почитувам она што го направивме заедно. Би сакал мојот однос во изминатите месеци со клубот и со претседателот да беше малку поинаков од тој со другите тренери. Не барав привилегии, се разбира, но малку повеќе сеќавање. Денеска животниот век на тренер на клупата на голем клуб е две сезони, не повеќе. За да трае подолго, човековите односи се клучни, поважни се од парите, поважни се од славата, поважни се од се. Треба да се грижите за нив. Затоа боли толку кога ќе ги прочитав медиумите после пораз, дека ќе ме отпуштат доколку не победам на следниот натпревар. Тоа ме повредува мене и целиот тим бидејќи овие пораки намерно протекуваат до медиумите за да креираат негативна атмосфера во тимот, да креираат сомнежи и недоразбирања. Добра работа е што имав некои фантастични момци кои беа со мене до смрт. Кога работите ќе станеа грди тие ме спасуваа со големи победи. Бидејќи тие веруваа во мене и знаеа дека јас верував во нив. Се разбира, јас не сум најдобриот тренер во светот, но способен сум да дадам сила и самодоверба која им е потребна во нивната работа, без разлика дали се работи за играч, за член на стручниот штаб или било кој вработен. Знам точно што му е потребно на тимот. Низ овие 20 години во Мадрид научив дека вие, фановите, сакате победи, се разбира дека го правиме тоа, но пред се сакате од нас да даваме се, тренерот, стручниот штаб, работници и се разбира фудбалерите. И можам да ве уверам дека дававме 100 проценти од нас за клубот.

Исто така ова писмо ќе го искористам да испратам порака до новинарите. Имав стотици прес конференции и за жал многу малку зборувавме за фудбалот, а знам дека и вие исто така го сакате фудбалот, дека овој спорт не обединува. Како и да е, без намера да ве критикувам или да ви држам лекции, би сакал прашањата да не беа секогаш насочени кон контроверзи, повеќе да зборувавме за топката и пред се за фудбалерите, кои се и секогаш ќе бидат најважното нешто во оваа игра. Да не го заборавиме фудбалот, ајде да се грижиме за фудбалот.

Драги Мадридисти, секогаш ќе бидам еден од вас.

Напред Мадрид!

Зинедин Зидан

Можно е и ова да ти се допаѓа

×