На почетокот од оваа недела, Милан реши да раскрсти со Џиџо Донарума. Голманот одбиваше да ја прифати понудата за нов договор со плата од 8 милиони евра, бараше повеќе со образложение дека Јувентус му нуди 10 милиони евра по сезона, „росонерите“ не сакаа да бидат уценувани од Мино Рајола па го ангажираа Мајк Мењан од Лил.
Мино Рајола сега бара нов клуб за голманот и дури го нуди на попуст. Според пишувањата на Кориере дело Спорт, Џиџо Донарума бил понуден на Јувентус, и тоа за плата од 6 милиони евра по сезона, помалку од она што го имаше на маса од Милан.
Макс Алегри има голема доверба во Војчех Шчесни, сака Полјакот да остане и да биде прв голман, па Џиџо Донарума не е му е приоритет во моментов.