Абрамович во последните години помалку е присутен на натпреварите во живо на Челси, но денеска беше во Порто на финалето.
На церемонијата за доделување на медалите се симна на теренот, тоа беше негова прва средба со Томас Тухел.
Германецот се пошегува дека можеби ова не е најдобар момент за прва средба бидејќи што може повеќе да се направи од освојување на Лигата на шампионите, па во наредниот период може ќе биде полошо.
„Зборував со сопственикот на теренот. Тоа беше најдобар момент за наша прва средба, или можеби беше најлош момент бидеји од тука може да биде само полошо! Ќе зборуваме повторно, ќе го уверам дека ќе останам гладен за трофеи. Се чувствувам гладен за титули, тоа е дел од амбицијата на овој клуб“, изјави Тухел.