Луди 15 минути, Кил остана со скршени срца, Келн со опстанок во Бундеслигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кил ќе почека за
настап во Бундеслигата. Избраниците на Вернер во средата направија голем
исчекор откако победија со 0-1 на гостувањето кај Келн, но вечерва останаа со
скршени срца.

Во луди 15
минути, Келн стигна до предност од 1-3 и многу работи беа решени веќе тука.

Едвај 120 секунди
беа потребни за Хектор да погоди за 0-1 и да најави возбудлив натпревар, за Ли
веќе во следниот напад да реализира за 1-1.

Се играше шестата
минута кога Андерсон со глава донесе ново водство за гостите, а истиот играч во 13. минута по втор пат се запиша во
листата на стрелците за 1-3.

Чикос прекрасно
погоди со полуволеј од врвот на шеснаесетникот за 1-4 на пет минути пред крајот
на првиот дел, а во финишот од мечот Скири само ја запечати победата и го
потврди опстанокот во Бундеслигата.

За Кил ова беше
втор неуспех во плеј-офот, откако во сезоната 2017/18 загубија од Волфсбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×