Брентфорд се пласира во Премиерлигата, првпат по 74 години ќе игра во најдобрата англиска лига

by
0 минути читање

По Норич и Ватфорд кои по регуларниот тек изборија место во Премиерлигата, денеска Брентфорд преку плеј-офот им се приклучи во англиската елита.

Овој клуб првпат по 74 години ќе игра во најдобрата англиска лига.

Брентфорд денеска го совлада Свонси со 2-0 во финалето кое се играше на Вембли.

Тонеј во 10 минута и Маркокндес во 20. беа стрелци на головите за Брентфорд.

Свонси се трудеше да се врати во натпреварот, но нивната ситуација стана уште потешка во 65. минута кога Фултон доби директен црвен картон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×