Вулверхемптон му
дозволи на својот доскорашен тренер Нуно Еспирито Санто да си замине по
четирите успешни сезони на клубот од „Молењу“ арената, а иако се шпекулираше дека тој
би можел да го преземе кормилото на Тотнем, се случи повик од Рим, а
котира високо на листата на желби на тој клуб, за што тврди „Калчо Меркато“.
На истата листа
на желби кај првиот човек на Лацијалите, Клаудио Лотито се наоѓаат уште и
Синиша Михајловиќ, Рафа Бенитез, Винченцо Италиано, но и Маурицио Сари.
Сепак, „Тутомеркато“
наведува дека токму Сари е фаворит за преземање на кормилото на Лацио, а тој
веќе е во преговори со клубот од Рим, како нова дестинација за него се
наведуваше и Рома претходно, меѓутоа „Римската волчица“ веќе се договори со
Жозе Мурињо.