Тотнем веќе се
подготвува за животот без Хари Кејн, сценарио кое е извесно да се случи уште
летово, со оглед на желбата на напаѓачот за нов предизвик, односно битка за
трофеи во својата кариера, битка која изостана во дресот на „Спарси“.
Клубот од Северен
Лондон веќе идентификуваше двајца англиски напаѓачи кои би можеле да го
наследат Кејн во нивниот тим, а станува збор за Оли Воткинс од Астон Вила,
односно Дени Ингс од Саутемптон.
Ако се верува на
оваа вест која во јавноста ја пласираше „Сан“, веројатно првиот човек на
Тотнем, Даниел Леви нема да го одврзе ќесето за богат трансфер, па ќе се одлучи
за нешто поекономичен, со оглед на тоа дека за евентуална продажба на Кејн
клубот треба да добие големо обештетување.
Воткинс постигна
14 погодоци изминатата сезона во Премиерлигата, што за него беше дебитантска во
таа дивизија на Островот, а неговите добри перформанси му го отворија и патот
до националниот состав на Англија, па се најде и во поширокиот список на Герет
Саутгејт за Европското првенство.
Ингс сезоната ја
одбележа со неколку повреди кои во голема мера го оддалечија од терените,
меѓутоа дури и во таква ситуација тој успеа да запише 14 погодоци зад своето
име, меѓутоа и повеќе од веројатно е дека нему ќе му биде потребен трансфер за
повторно да се врати во составот на „Гордиот Албион“.