Ниту ќе ве браниме, ниту ќе ја критикуваме УЕФА, им порача Тебас на Барселона и Реал Мадрид

by
1 минути читање

Барселона и Реал
Мадрид добија јасна и прецизна порака од страна на првиот човек на Ла Лига,
Хавиер Тебас во однос на дисциплинската постапка која ја отвори УЕФА против
истите за инволвираноста во Европската Супер Лига, идеја од која и натаму не
отстапуваат обата шпански гиганти.

Ние како лига, а
јас како претседател на Ла Лига, нема да браниме ниту еден шпански клуб,
доколку тие треба да бидат санкционирани, ќе бидат
“ изјави Тебас пред
новинарите по средбата на организацијата на европски лиги.

Фактите немаат
ништо со националноста, тоа што треба да се санкционира се фактите во самите
нив, а тие се доста сериозни по сите случувања, УЕФА може да одлучи со нивните
дисциплински механизми во однос на тоа какви санкции треба да се преземат

додаде тој.

Ние нема да ги
браниме шпанските клубови во однос на овој случај, истовремено нема ниту да ја
критикуваме УЕФА без разлика на одлуката која ќе ја донесе по ова прашање, ние
нема тоа да го сториме
“ заклучи Тебас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×