Манчестер јунајтед
и натаму се поврзува со ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, можноста
да се ангажира крилниот напаѓач претстојниот летен преоден рок и натаму
останува како отворена опција за „Црвените ѓаволи“.
„Скај Спортс“
пишува дека личните услови на фудбалерот нема да бидат проблем за клубот од „Олд
Трафорд“, за тоа Премиерлигашот веќе преговараше и ланското лето, меѓутоа ќе
мора да се разговара и со Борусија Дортмунд.
Во Бундеслигашот
наводно се расположени да ги разгледаат доставените понуди за Санчо, меѓутоа
досега не објавиле ништо конкретно за цената, ниту пак крајниот рок.
Се верува дека
Борусија Дортмунд ќе бара нешто помалку од тоа што го бараше ланското лето (108
милиони фунти), а договор може да се случи за сума од околу 80 милиони фунти.