Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп не крие дека е голем обожовател на
Ибрахима Конате, засилувањево во одбраната на „Редсите“ кое за сума од 36
милиони фунти пристигна од Лајпциг.
„Премногу сум
среќен што ќе фудбалер од калибарот и квалитетот на Конате во мојот тим, тој е
фудбалер кого јас го посакував од поодамна, а јас го воочив неговиот голем
потенцијал уште во периодот кога беше дел од Сошо“ изјави Клоп, алудирајќи на тоа дека го
увидел потенцијалот на Конате уште пред три години.
„По големите
проблеми кои ги имавме со повредите во тимот, нема никакви сомневања во тоа
дека ни беа потребни засилувања во тој дел од тимот, меѓутоа најпрво ќе морам
да посочам дека Филипс, Вилијамс и Кабак си го одработија своето на прекрасен
начин, навистина неверојатно…“ додаде германскиот фудбалски стратег за
официјалниот клупски сајт на Ливерпул.
„Во Конате ние
добиваме голем квалитет, неговите физички способности се импресивни, тој е брз,
многу силен, а воедно и доминантен во воздушните дуели“ заклучи Клоп.