Аврамовски: Ветуваме дека ќе изгинеме за светиот дрес!

by
1 минути читање

Фудбалерите ги одработуваат подготовките за Европското првенство и со голема возбуда го очекуваат почетокот на шампионатот. Даниел Аврамовски кој во 2017 година играше за Македонија на младинското ЕП, вели дека ова е нешто сосема поинакво.

„Јас имам настап со младата репрезентација на Европско првенство, но ова е повозбудлив, се работи за А тимот, пласирани сме на големиот турнир и ќе играме против силни противници.  Се чувствува позитивна трема, сите со нетрпение го чекаме стартот, а мотивацијата е на највисоко ниво. Се надевам дека од таа огромна желба на крај ќе се изроди и голем успех“, вели Аврамовски.

Македонските репрезентативци по долго време ќе може да ја почувствуваат поддршката на фановите. На пријателските мечеви со Словенија и Казахстан ќе има можност да дојдат 10.000 навивачи.

„Секогаш кога играме пред нашите навивачи, тоа ни е ветер во грб и јас се надевам дека ќе дојдат сите 10.000 гледачи и ќе ни ја дадат таа поддршка. Има голема еуфорија во земјава, нѐ контактираат луѓе, сакаат да дојдат да нѐ бодрат на ЕП. На крај се надевам дека сите ќе ги израдуваме, а можам да ветам дека ние ќе го дадеме максимумот, ќе гинеме за светиот дрес и на крај да ги израдуваме сите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×