Жоан Лапорта
денеска се појави пред новинарите и говореше на неколку жешки теми. Првиот
човек на Барса најави дека следната недела ќе бидат соопштени првите засилување
за новата сезона.
„Следната недела ќе
ги соопштиме првите засилувања за новата сезона и сите ќе можат да ја видат работата
која ја завршивме изминатиов период“ – вели Жоан Лапорта.
Што се однесува
до новиот договор на Лео Меси, тој додава: „Преговорите се одвиваат добро, но
ништо не е готово. Продолжуваме да работиме, да доставиме понуда која е во
можностите на клубот. Нашиот однос е добар, Меси ја обожава Барса и сите сакаме
тој да продолжи“.
„Знам дека Лео
заслужува многу повеќе и може да заборува многу повеќе во друг клуб. Убеден
сум дека го цени напорот кој го правиме и сака да остане. Не го интересираат
парите, сака тим кој ќе може да освои се. Оптимист сум“.
Тој исто така
најави дека следната недела ќе има нов состанок со Роналд Куман по кој ќе биде
решено дали Холанѓанецот ќе остане на кормилото на Барселона или ќе пристигне
нов тренер.