171
Андреа Пирло
повеќе не е тренер на Јувентус, она што се најавуваше со месеци, сега и
официјално е потврдено, стратегот доби отказ.
„Ти благодариме
Андреа. Ова се првите зборови кои сите ние мораме да ги изговоримe на крајот од
оваа специјално искуство кое го имавме заедно“ – гласи почетокот на соопштението
кое го објави „старата дама“.
Андреа Пирло на
кормилото на Јувентус издржа само една година, освои два трофеи, но потфрли во
Лигата на шампиони и Серија А.
Се очекува во
скоро време да пристигне ново соопштение и Макс Алегри да биде потврден за нов
тренер на Јувентус.