161
Комисијата за заразни болести до кризниот штаб на Владата достави нов предлог за олабавување на мерките кој треба да почне да функционира од 1 јуни.
Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека спортските натпревари кои се играат на отворено ќе можат да се играат со публика до 30 проценти од капацитетот на стадионот.
Тоа значи дека само стадионите ќе се отворат за публика, но не и салите кои ќе чекаат некоја нова одлука.
Мечевите на Македонија со Словенија и Казахстан ќе можат да се играат со 10.200 гледачи на Националната арена „Тодор Проески“.