Алегри се поврзуваше со Реал Мадрид, чекаше да се ослободи тренерското место, но пред Зидан да го каже конечниот одговор, Јувентус успеа да го договори и можеби уште денеска тој и официјално ќе биде промовиран во наследник на Пирло.
„Скај Спорт Италија“ пишува дека сега Антонио Конте е прв фаворит на Реал Мадрид.
Од кралскиот клуб веќе стапиле во контакт со Конте и се надеваат дека брзо ќе го убедат да прифати понуда и да стане нов тренер на Реал Мадрид.
Како следна опција се споменува Маурисио Покетино чија иднина во ПСЖ е неизвесна по дебаклот во француското првенство.
Се верува дека Флорентино Перез преферира искусно тренерско име, па Раул нема да добие сега шанса да го води Реал Мадрид, и неговото име беше во можните наследници на Зидан.