Алиоски би можел да остане во Лидс, клубот објави листа која им дава надеж на навивачите (ФОТО)

by
1 минути читање

Алиоски особено во вториот дел од сезоната постојано беше во стартниот тим на Биелса, а во финишот имаше неколку одлични партии па навивачите на Лидс бараа од клубот по секоја цена да го задржи нашиот фудбалер.

Договорот на Алиоски со Лидс му истече, клубот му има доставено нова понудаа, но иднината на Џани веројатно ќе се решава по крајот на Европското првенство.

Лидс објави листа со статусот на дел од играчите, Алиоски не е во делот каде што пишува кои фудбалери ќе си одат поради истекот на нивните договори. За него пишува дека има понуда од клубот за нов договор.

Тоа значи дека статусот на Алиоски се уште не е решен и тој би можел да остане во Лидс, ова влева надеж кај навивачите дека тој сепак би можел да продолжи да игра за англискиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×