Доста
разочарувачка ситуација се случи во Кристал Палас, каде талентираниот Еберечи
Езе доживеа таква несреќа што ретко кој фудбалер ја доживеал досега.
За целиот настан
како помина сведочи неговиот соиграч Андрос Таунсенд, кој вели дека дел од
фудбалерите на Кристал Палас биле во солзи откако Езе ја скинал Ахиловата тетива,
момент пред да добие порака на својот телефон дека е дел од поширокиот список
на селекторот на Англија, Герет Саутгејт, за претстојното Европско првенство.
„Тоа беше еден од
најтажните денови во мојата кариера, утрото добивме повик од Рој Хоџсон за да
се собереме сите заедно, а воедно не извести и дека тоа е неговата последна
сезона“ сведочи Таунсенд за ситуацијата со 22 годишниот фудбалер
„Еден и пол час
подоцна, ние сме на десет минути пред крајот на сезоната, тоа беше едноставна
тренинг сесија, Езе гласно реагираше и падна на земјата, за момент помисли дека
некој го удри, истото го помисливме и ние, меѓутоа тој беше осамен, немаше
никого околу него, иако звучеше така, а шокот веќе започна…“ додава тој во
изјавата за „Толк Спорт“.
„Веднаш го
видовме шокот во неговото лице, откако се увиде дека станува збор за кинење на Ахиловата тетива, јас мислам постојано на тој момент дури и навечер пред да заспијам,
мислам на овој млад фудбалер кој ми е толку близок пријател уште од првиот ден
кога дојде во клубот, навистина е тажно сево ова што му се случи“ нагласува
тој.
„Веднаш штом
влезе во соблекувалната по тој незгоден момент, го зема телефонот, а на истиот
веќе имаше добиено порака во која дозна дека е повикан за селекцијата на
Англија во провизорниот состав, многумина од нас бевме во солзи, тоа беше толку
тажен ден…“ откри Таунсенд.
Езе во целост ги
оправда очекувањата по неговиот трансфер од Квинс Парк Ренџерс за сума од 16
милиони фунти ланското лето, а многумина во него гледаат и повеќе од адекватен
насленик на Вилфред Заха во клубот од Лондон, ако се земе во предвид дека
првата ѕвезда на таа екипа би можела да си замине ова лето.