Лацио ја потврди разделбата со Инзаги, а не му го спомена ниту името

by
1 минути читање

И повеќе од веројатно
е дека во Лацио се разочарани од исходот во преговорите со Симоне Инзаги за
продолжување на соработката, откако клубот од Рим и официјално потврди дека
обете страни се разделуваат, а италијанските медиуми извесно е дека пласираа точна информација кога нагласија дека Инзаги првично се согласил на нов договор со Римјаните.

Во соопштението
за јавноста, Лацио коментираше дека Инзаги го променил своето мислење, а со тоа
и повеќе од јасно е дека тој е на пат за преселба во Интер, но во соопштението
не му беше споменето името воопшто.

Ние го
почитуваме предомислувањето на тренерот, како и фудбалер кој толку години беше
поврзан со своето име во семејството на Лацио и многуте успеси на клубот
“ стои
во соопштението на Римјаните.

Во Италија
денеска наведоа дека Интер во преговорите со Инзаги му понудил двојно повисока
плата во однос на тоа што му било понудено од страна на Лацио, клуб каде
договорот му истекуваше идниот месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×