Сасуоло ја мониторира ситуацијата со Пирло во Јувентус

by
1 минути читање

Од Сасуоло
потврдија дека ја разгледуваат можноста за ангажман на Андреа Пирло за нов
тренер на тимот, ако се земе во предвид дека повеќе медиуми најавуваат дека
Масимилијано Алегри ќе се врати на кормилото на Јувентус.

Се шпекулира дека
Алегри го одбил Реал Мадрид, па така се најавува негово враќање во клубот од Торино
две години откако си замина, а тоа значи дека се ближи крајот на соработката со
Пирло кој во дебитантската сезона како тренер ја освои Копа Италија, како и
Суперкупот во тоа првенство.

Да се одбере
тренер е навистина комплицирано
“ вели спортскиот директор на Сасуоло, Џовани
Карвенали за весникот „Ил Соле 24 Оре“.

Пирло е млад и
талентиран тренер, но ние ги разгледуваме и другите опции исто така, јас мислам
дека конечната одлука ќе ја донесеме во наредните неколку денови
“ додаде тој.

„Калчомеркато“
тврди дека Сасуоло му нуди на Пирло две годишен договор, а Јувентус ќе земе дел
од учеството во платата со цел да дојде до договор на обете страни за
разделбата која е на повидок. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×