ПСЖ сака да крeира страшен бековски тандем, Хакими и Тео Ернандез се селат во Париз?!

by
1 минути читање

„Светците“ сакаат
да креираат страшен бековски тандем, на десната страна во одбраната да игра
Ашраф Хакими а на левата Тео Ернандез. Откако утрово беше објавено дека е остварен
контакт со фудбалерот на Интер, вечерва пристигна информација дека се преговара
и со играчот на Милан.

Се шпекулира дека
ПСЖ е многу блиску до договор со Тео Ернандез, треба да се испеглаат уште некои детали. Клубот од Париз потоа ќе треба да постигне и согласнсот со Милан,
„росонерите“ бараат преку 40 милиони евра.

Што се однесува
до Ашраф Хакими, ПСЖ сака да вметне Леандро Паредес во зделката, додека пак
Интер преферира само пари и бара најмалку 55 милиони евра за десниот бек. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×