197
Фабрицио Романо открива дека во изминатите денови се воделе преговори меѓу Алегри и Јувентус, тие завршиле успешно и тој наскоро и официјално ќе биде потврден за нов тренер.
Алегри беше во контакт и со Реал Мадрид, каде некои период чекаше конечна одлука од Флорентино Перез, но во меѓувреме Јувентус беше поконкретен и успеа да го врати.
Андреа Пирло ќе добие отказ по само една сезона на клупата на Јувентус во која дури во последното коло на среќен начин успеа да избори место во Лигата на шампионите.