Де Бур е многу самоуверен пред почетокот на Европското првенство, смета дека ќе ги победат сите три натпревари од групната фаза.
„Ние пласман во осминафиналето ќе обезбедиме уште по првите два меча. Мислам дека ќе ја победиме Украина со 3-1, потоа ќе славиме против Австрија со 2-1 и така ќе ја имаме визата за следната рунда“, вели селекторот на Холандија, Франк де Бур.
„Нема да загубиме, ќе ја победиме Македонија со 3-0! Ама, можеби и би требало да загубиме зашто ако сме први тогаш нѐ чека некој противник од „групата на смртта“, Германија, Франција или Португалија. Од друга страна, ако сте трети можеби ќе добиете полесен противник. Но, мислам дека ако сме втори би било скоро идеално“.
Холандија и Македонија во Амстердам играат на 21 јуни во рамките од третото коло од групната фаза на ЕП.