Конте и Интер се
спогодија, обете страни се разделија, а медиумите во Италија го наведоа Симоне
Инзаги како еден од главните кандидати за наследник на Конте на кормилото на „Нероаѕурите“.
Сето тоа се
совпадна со посетата на Тулио Тинти во клупските простории на Интер, каде се
задржа околу два часа, меѓутоа агентот на тренерот на Лацио откако излезе од
таму, нагласи дека бил во својство на неговите фудбалери-клиенти.
„Дојдов тука
поради моите фудбалери“ на кратко коментираше Тинти пред да влезе во својот автомобил,
алудирајќи на тоа дека наводно не бил да преговара за Инзаги.
Тинти е инаку
претставник на Фрог, Дармијан, како и Бастони, меѓутоа во Италија силно
веруваат дека токму Инзаги бил темата за разговор денеска во Милано.