190
Делот каде се
одвива реконструкција на стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ денеска
беше зафатен со пожар кој избувнал од засега непознати причини.
Шпанските медиуми
потврдуваат за настанот, за кој истовремено сведочат и видео снимките, меѓутоа
барем засега деталите за причините поради кои се случил пожарот не се познати.
Пожарникарите
инаку пристигнале на местото во брз временски период, а пожарот траел неколку
минути.