231
Манчестер
јунајтед со голот на Кавани во 55 минута од мечот против Виљареал дојде до
израмнување на резултатот од 1-1, откако по првите 45 минути игра во финалето
од Лига Европа предност имаше шпанскиот прволигаш.
Уругваецот се
најде во добра прилика откако употреби „отпадок“ во казнениот простор на
Виљареал, а откако ситуацијата беше прегледана од страна на ВАР технологијата,
истиот гол беше потврден како регуларен.
Кавани има
фантастичен учинок сезонава во Лига Европа со шест погодоци и две асистенции
досега на пет настапи.