Завршува
сапуницата околу Џанлуиџи Донарума и Милан, сапуница која траеше подолг период
со оглед на фактот што младиот голман беше во својата завршна година од
договорот со клубот од Милан.
Техничкиот
директор на „Росонерите“, Паоло Малдини потврди дека голманот ќе си замине од
клубот, а извесен период се шпекулираше дека тој барал астрономска плата од
цели 12 милиони евра на годишен план, исто така се веруваше дека огромна
провизија барал и контроверзниот агент на колманот, Мино Рајола.
„Тој беше
протагонист, лидер, а често и капитен, еден професионалец истовремено мора да
биде подготвен и да го промени својот дрес, навистина е тешко да почнете
кариера во еден клуб, а во истиот и да ја завршите“ изјави Малдини.
„Ние како клуб
мораме да им се заблагодариме на сите кои придонеле за Милан, а тоа го стори и
Џиџо, без притоа да направи нешто со што би упатил непочитување кон клубот,
нашите патишта тука се разделуваат, а јас можам само да му посакам се’ најдобро“ додаде тој.
Милан веќе го реши прашањето за голманската позиција за идната сезона откако го ангажираше Мајк Мењан, кој беше од исклучително значење за новиот првак на Франција изминатата сезона, тимот на Лил.