802
Сезоната за Реал
Мадрид заврши со доста разочарувачки епилог, за прв пат во изминатите неколку
години шпанскиот гигант не успеа во една сезона да освои трофеј, а веќе се
работи на полето за засилувања за идната сезона.
Лука Модриќ ја
продолжи соработката со клубот, а во самото „финале“ е потврдата за ангажманот
на Давид Алаба кој на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа како слободен играч на
трансфер пазарот, од причина што договорот со Баерн Минхен му истекува ова
лето.
„Гол ТВ“ извести
дека 28 годишниот фудбалер веќе е во шпанската престолнина, а веднаш штом
пристигнал денеска цел период го поминал низ Валдебебас, а воедно бил и во потрага
по живеалиште во тој урбан дел од градот.