166
Само неколку дена откако го прослави Скудетото со Интер, Антонио Конте си заминува од клубот.
„Интер сака да соопшти дека постигнат е договор за раскин на договорот со Антонио Конте. Целиот клуб сака да му се заблагодари на Антонио за исклучителната работа што ја направи, која кулминираше со освојувањето на деветнаесетото Скудето. Антонио Конте секогаш ќе остане во историјата на нашиот клуб“, стои во соопштението на Интер.