240
Оле Гунар Солшер
вечерва ќе се обиде да дојде до првиот трофеј со Манчестер јунајтед, а тоа може
да го стори во дуелот против Виљареал во финалето од Лига Европа, меч кој стартува
со почеток од 21 часот.
Пред финалето во
Гдањск, поранешниот легендарен тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон им
се приклучи на Немања Матиќ, Хуан Мата, Бруно Фернандеш и Единсон Кавани за
време на појадокот пред мечот, а тој момент го искористи и да им подели некои
совети на фудбалерите.
„Ние сме
подготвени да го дадеме максимумот од нас самите вечерва, благодарност до
Фергусон за неговите совети и поддршка“ напиша Матиќ на социјалните мрежи во
описот на фотографијата која ја објави.