Шкупи амбициозно ќе влезе во новата сезона, раководството сака да направи тим кој ќе се бори за титулата. Синоќа беше промовиран младиот Блертон Шеји, а денеска договор потпиша и Томе Китановски.
Тој во минатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров, а во Шкупи доаѓа како слободен фудбалер.
„Во Шкупи дојдов благодарение на спортскиот директор Омер Буњаку кој ме увери во планот и програмата која ја имаат за новата сезона, целта е врвот на табелата во Македонија. Се надевам дека ќе ја оствариме целта на клубот и ќе ги израдуваме навивачите. Се надевам дека ќе можеме и да останеме во Европа колку што е можно подолго. На фановите сакам да им ветам дека секогаш ќе го давам максимумот“, изјави Китановски.