Јувентус сака да се ослободи од Дибала, Аргентинецот понуден во трампа за Кореа

by
1 минути читање

Јувентус сака да
се ослободи од Пауло Дибала па директорите на „старата дама“ седнале на маса со
своите колеги од Атлетико Мадрид.

Како што
пренесуваат медиумите од Шпанија, „бјанконерите“ понудиле размена Пауло Дибала
за Анхел Кореа. Диего Симеоне сепак не дал зелено светло за една ваква зделка,
тој има голема доверба во Анхел Кореа и не сака да остане без офанзивниот
фудбалер.

Постои опција
Пауло Дибала да биде трампан за Алваро Мората, но „колчонероси“ преферираат Шпанецот
да не биде дел од ваква зделка. Напаѓачот е на позајмица во Торино, Јувентус има можност
да ја продолжи позајмицата за 10 милиони евра но и во целост да го купи
играчот за 45 милиони евра.

Во преговорите
било споменато и името на Родриго Бентанкур, Диего Симеоне го побарал
Уругваецот но добил негативен одговор од страна на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×