Според познатиот италијански спортски новинар, Џанлука Ди Марцио, Донарума не очекувал Милан толку брзо да донесе нов голман. Не ни имало дискусија за провизија на Рајола, бидејќи Донарума со Милан не успеал да ги договори ниту личните услови за нов договор. Тој очекувал дека уште ќе преговара со раководството на росонерите, па не барал нов клуб.
Според „Скај Италија“, Милан го информирал тимот на Рајола за ангажманот на Мењан пред шест дена, па Донарума мечот со Аталанта го бранел знаејќи дека му е последен.
Донарума бараше плата од 12 милиони евра, Милан преферираше да не го продолжи договорот со Џиџо отколку да преговара со Рајола и да ги исполни нереалните барања на голманот. Нивната последна понуда за Донарума беше 7 милиони евра плус 1 милион во бонуси, и за изненадување на Рајола и Донарума, таа понуда на Милан навистина беше последна.
Лука Маркети вели дека со ова Милан направиле нешто досега невидено. Ова е сигнал не само за Донарума или Рајола, туку за целиот пазар. Дека веќе не е привилегија да си слободен фудбалер, клубот има правила кои ги следи. Ако не прифатиш понуда од 8 милиони евра, можеш да си одиш.
Донарума сега се поврзува со Барселона и Јувентус, ќе видиме дали некој ќе му ја даде платата од 12 милиони евра која ја бара.