Интер прави распродажба, Конте си заминува во следните 48 часа?!

by
1 минути читање

Антонио Конте си
заминува од Интер, ова денеска го пренесоа Газета дело Спорт и Кориере дело
Спорт. „Нероаѕурите“ сакаат тренерот да продолжи, но на стратегот не му се допаѓаат
плановите за иднината.

Интер е во голема
финансиска криза, па летоска ќе има распродажба. ГДС вели дека идејата е да се
оствари профит (капитална добивка) од околу 100 милиони евра на трансфер пазарот
и продажба на најмалку една ѕвезда. Исто така, буџетот за плати ќе треба да се
намали за 20%

КДС пак вели дека
планот е да се приберат околу 90 милиони евра од продажба на играчи и кратење
на платите за 15%.

Антонио Конте
смета дека Интер за да биде конкурентен, особено во Европа, не само што не треба
да ги продава најдобрите играчи, туку треба да донесе и соодветни засилувања.

Газета дело Спорт
додава дека разделбата ќе биде пријателска и може да се случи во следните 48
часа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×