Напаѓачот на Реал
Мадрид, Карим Бензема тврди дека неговиот сонародник, како и тренер, Зинедин
Зидан нема да си замине од клубот ова лето, иако постојано се шпекулира околу
тоа дека неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“ не е сигурна.
„Не гледам дека
тој ќе си замине, нема да си замине, ќе видите и самите“ вели Бензема во
интервјуто за „Л’Екип“.
„Доколку си
замине, едноставно си заминува, меѓутоа, во моментов не го гледам Реал Мадрид
без Зидан“ додаде тој, а притоа го коментираше и односот со својот тренер.
„Зизу секогаш бил
искрен со мене, близок и доста конкретен, тој ми кажува кога работите се
одиваат добро, но и кога не се во добра насока, без разлика дали станува збор
за тренинг или натпревар, тој секогаш е отворен, многу директен во
комуникацијата со мене, токму од таа причина јас многу го почитувам“ нагласи
Бензема кој во Зидан гледа како на постар брат, како што и самиот коментира во
интервјуто.