Хари Кејн сака да замине од Тотнем ова лето, но „спарси“ нема лесно да се откажат од својата прва ѕвезда. Неколку извори пренесуваат дека Даниел Леви поставил цена од неверојатни 200 милиони фунти.
Изминативе денови, медиумите од „островото“ шпекулираа со суми од 120 до 150 милиони фунти, но Даниел Леви смета дека штетата која настане со заминувањето на Хари Кејн ќе биде огромна за Тотнем и верува дека бројката од 200 милиони фунти е фер проценка.
Останува да се види дали Манчестер Сити, Манчестер јунајтед или Челси се подготвени да платат толку многу. 200 милиони фунти (околу 230 милиони евра) ќе значи нов рекорден трансфер, побогат од оној на Нејмар, кој во 2017 се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.