Летото во 2019, Матајс Де Лихт на маса имаше неколку понуди, на крајот дефанзивецот и неговиот агент Мино Рајола го одбраа Јувентус.
Но според Радио Каталонија, работите во Торино не се одвиваат како што очекувал дефанзивецот, па тој сега сака да замине.
Наводно Матајс Де Лихт на блиски пријатели им се доверил дека се кае за изборот од пред две години и верува дека преселбата во Јувентус билa погрешен потег. Тој исто така е во контакт со својот сонародник Френки Де Јонг и се распрашува за можноста да се пресели во Барселона.
Зделката сепак воопшто не е лесна, „каталонците“ немаат пари за големи трансфери но извори од Камп Ноу велат дека ќе сторат се што можат кога е во прашање фудбалер од калибарот на Де Лихт.