535
Деле Али беше проблематичен и за Маурисио Покетино во сезоната кога Аргентинецот доби отказ. Па се веруваше дека Мурињо ќе биде тој што ќе го скроти неговиот карактер и ќе го искористи потенцијалот на фудбалерот.
Но, тоа не се случи, Деле Али беше недисциплиниран и кај Мурињо. Португалецот замина, но играчот не блесна ниту под водство на Рајан Мејсон иако на пет натпревари беше стартер.
„Фудбал инсајдер“ пишува дека Тотнем е подготвен да ги слушне понудите за Деле Али, да ја одбере најдобрата и да го продаде 25-годишниот фудбалер.
Од клубот се свесни дека е тешко да се менаџира карактерот на Деле Али, а тоа повеќе ја руши атмосферата во тимот отколку што помага.