Суарез откри со кого разговарал и зошто плачел на теренот по освоената титула со Атлетико Мадрид

by
1 минути читање

Во интервју за шпанските медиуми, Суарез зборува за повеќе работи, а меѓудругото откри со кого разговараше со мобилниот на терен и зошто плачеше.

„На видео повикот, мојата сопруга плачеше со мене бидејќи страдавме во изминатиот период, промената не беше лесна за нашите деца. Парите не ви носат среќа. Таа знае низ какви моменти поминав и колку страдав. Кога почна сезоната тренирав одвоено поради моето колено. Требаше да правам дополнителни работи за да го рехабилитирам коленото. Не можев да му посветам време на син ми бидејќи водев грижа за коленото. Таа ми даваше поддршка во тој период. На крај кога ја видов неа и моите деца среќни за оваа титула, никогаш не можам да го заборавам тоа“, вели Суарез.

„Солзите беа од среќа. Немам ништо против Барселона. Таква беше ситуацијата. Секогаш ќе бидам благодарен на Барселона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×