Алегри одбива понуди од Италија, го чека Реал Мадрид, иднината му зависи од зборот на Зидан

by
1 минути читање

Алегри има неколку понуди од Италија, но тој упорно ги одбива чекајќи разрешница на ситуацијата во Реал Мадрид. Негов приоритет отсекогаш бил кралскиот клуб.

Се пишува дека тој е фаворит кај раководството на Реал Мадрид и покрај тоа што има гласини дека и Раул би можел да биде новиот тренер, но тоа ќе го видиме само ако Зидан си замине.

По последното коло во Примера, Зидан рече дека во наредните денови ќе седне со челниците на Реал Мадрид и по тој состанок ќе одлучи дали ќе продолжи да го води тимот или ќе си замине.

Од одлуката на Зидан ќе се знае иднината на Алегри, дали ќе биде нов тренер на Реал Мадрид или џабе чека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×