По девет Скудета во низа, Јувентус оваа сезона остана без титулата во Италија. Сезоната се закануваше да биде катастрофална откако по поразот од 0-3 на домашен терен против Милан, „старата дама“ беше на добар пат да остане и без топ 4 финиш.
Сепак, синоќа беше фатен последниот воз, Наполи киксираше против Верона па Јувентус обезбеди настап во Лигата на шампиони и на сите во Торино има падна камен од срце.
Па ова беше повод Леонардо Бонучи да се огласи на социјалните мрежи и да испрати порака до ривалите.
„Сите беа подготвени, го чекаа последниот момент за да го направат она што најмногу сакаат да го направат. Но заборавија на гордоста на оваа група, на менталитетот на овој тим, мотото на овој клуб“ – напиша дефанзивецот.
„Вистина, сезонава имавме подеми и падови, имаше моменти кога прикажувавме одлични партии но и моменти кога не игравме како што треба, губевме поени на натпревари на кои обично не губиме“.
„Сепак, на крајот останува она што ви следува. Освоени два трофеи. Ја остваривме целта кога сите се подготвуваа да не погребаат. Навиваа за наш неуспех. Но FINO ALA FINA (до самиот крај), верувавме и ја остваривме целта, и на крајот ние бевме тие кои славеа“.
„Знаеме колку тешка беше годината и за нашите фанови. Ни недостасувавте. Ќе се сретнеме одново следната сезона. Иако не ги остваривме највисоките цели, се радувавме на важни трофеи и успех“.
„Го повторуваме ова 10 години. Се останато е муабет за во кафана“.
„Фино ала Фине, форца Јувентус“.