Луис Енрике објасни зошто не го повикал Рамос на ЕВРО 2020

by
1 минути читање

Луис Енрике денеска го објави списокот за ЕВРО 2020, големо изненадување е отсуството на Серхио Рамос. За играчот со најмногу настапи во дресот на Шпанија нема место во составот, па сосема нормално имаше многу прашања на оваа тема на прес конференцијата.

„Одлуката не беше лесна, но Рамос има големи проблеми со повредите и нема континуитет од јануари месец. Воопшто не ми беше лесно, но морав да го одберам она што е најдобро за групата. Синоќа му се јавив и му ја образложив одлуката. Ме боли многу што морав да го изоставам, се работи за фудбалер кој секогаш го оставал срцето на терен. Му препорачав да биде малку себичен, да се фокусира целосно на тоа да се опорави од повредата и да продолжи да игра на највисоко ниво за клубот и репрезентацијата“ – рече селекторот на Шпанија.

„Не сакам отсуството на Рамос да го поврзете со повикот на Лапорт. Постои можност Рамос да се опорави пред почетокот на Европското првенство, но мислам дека ќе биде тешко“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×