Челси доставил жалба до Премиерлигата, доцнеле на гостувањето кај Астон Вила бидејќи редарите јаделе сладолед

by
1 минути читање

Челси вчера
загуби со 2-1 на гостувањето кај Астон Вила, но за среќа на Томас Тухел и
неговите избраници, Тотнем го совлада Лестер, па тие низ иглени уши завршија во
топ четири и обезбедија настап во Лигата на шампионите.

Неколку извори од
Англија сега пренесуваат дека „сините“ синоќа доставиле жалба до Премиерлигата
и барале мечот да почне подоцна од предвидениот термин
бидејќи им биле пореметени подготовките.

Експедицијата на
Челси доцнела 15-тина минути, чекала дозвола да влезе во паркинг просторот на
„Вила Парк“. „Сините“ дополнително се налутиле поради тоа што редарите јаделе
сладолед наместо да им го расчистат патот и да се погрижат што побрзо да се упатат кон соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×