Велшанецот често
беше на мета на медиумите во Шпанија, особено минатата сезона. На Герет Бејл му
се замеруваше за многу работи, не само за партиите кои ги прикажува, туку и за тоа што премногу
внимание посветува на играњето голф, како и за тоа што не зборува шпански.
Напаѓачот во разговор
со „Тајмс“ сега вели дека се водело хајка против него бидејќи тој не се однесувал на начин на
кој се очекувало од еден „галактико“.
„Знам дека на
медиумите им пречеше тоа што не се однесував како што тие одчекуваа, но јас
нема да се променам за никого. Нема да дозволам медиумите да го променат мојот
живот или начинот на кој ги прават работите, начинот на кој размислувам и сл.
Поради ова, редовно бев на тапет, и тоа повеќе од што заслужив“ – вели Герет Бејл.
„Зборував доволно
добро шпански за да се одбранам од нападите, и разбирав се што се случуваше
околу мене. Но на медиумите им пречеше тоа што не зборував со нив, па правеа
драма, спауници дека јас не можам да го правам ова, или да го правам она“.
Напаѓачот смета
дека сличен третман сега добива и Еден Азар, кој беше „ распнат“ за гестот на
Стемфорд Бриџ кога се смееше со играчите на Челси по елиминацијата на Реал
Мадрид.
„Видов што му
направија, го третираа како да убил човек. На крајот од денот, се работи само
за фудбалски натпревар“.