Симеоне: Ова беше најдобрата година да се стане шампион

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид синоќа по 11. пат стана шампион на Шпанија откако со 2-1 го совлада Ваљадолид на негов терен и го сочува првото место на табелата во Примера.

„Среќен сум за многу луѓе, чувствата кои доаѓаат до мене се дека во ваква комплексна година, со мноогу луѓе кои не напуштија нас поради вирусот, тоа што Атлетико стана шампион е поинаку од било кога, годината беше тешка, како и нашата историја, ова е најдобрата година да се стане шампион“, вели Симеоне.

„Светот искуси многу тажна ситуација и се надевам дека ние донесовме радост на многу луѓе. Да се биде 32 кола прв е нешто огромно. Им честитам на сите, особено на оние кои играа помалку“.

„По последниот свиреж на судијата ми дојде да се смеам, ми дојде природно да почнам да се смеам, не знама зошто, но се смеев, тоа беше нешто што едноставно излезе од мене“.

„Клубот продолжува да расте, мислам дека имаме светла иднина, челниците вршат голема работа и сите оние луѓе кои не можат да се видат но се многу заслужни за успехот на Атлетико“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×