Струга Трим Лум потпиша нов договор со Срѓан Захариевски

by
1 минути читање

Захариевски ја предводеше Струга ТЛ до третото место во ПМФЛ со кое тимот за првпат во својата историја избори учество на европска сцена.

„Струга Трим Лум ја продолжи соработката со тренерот Срѓан Захариевски за уште една година. Благодарение на историскиот успех кој го постигнавме со нашиот тренер, раководството одлучи да му верува на тимот и за следното издание, каде нашите клупски амбиции остануваат исти, пласман во Европските натпреварувања“, се вели во соопштението на клубот.

„Се надеваме дека со Захариевски на чело, нашиот тим ќе има запазена презентација во европските натпреварувања каде ќе ја имаме улогата на дебитант“.

Захариевски на чело на Струга ТЛ дојде на 12. март минатата година. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×