171
Атлетико Мадрид синоќа стана шампион на Шпанија, а прославата во шпанската престолнина зема и жртва.
Младиот навивач на Атлетико почина на неверојатен начин. Се возел во комбе, со половина тело бил излезен од возилото и мавтал со знаме на клубот, возејќи се така ја удрил главата во ѕид кој не го забележал и загинал. Докторите се обиделе да го вратат во живот, но само констатирале смрт.
Сведоци на настанот велат дека комбето го возеле роднини на неговите родители, а со него бил и брат му.
Атлетико Мадрид преку социјалните мрежи изрази сочуство за починатиот нивни навивач.