Дали Пандев го одигра последниот натпревар во Серија А?

by
1 минути читање

Џенова со 1-0 славеше на гостувањето кај Каљари, голот го даде Шомуродов во 15. минута од натпреварот.

Горан Пандев беше стартер на овој меч и на теренот остана до 57 минута кога беше изваден од игра.

Горан Пандев повеќе пати изјави дека веројатно ова е последната сезона за него и сака да се пензионира по крајот на Европското првенство.

Но во меѓувреме Македонија одлично ги почна квалификациите и за Светското првенство, па нема да биде чудно Пандев да ја продолжи кариерата за уште една сезона.

И тренерот на Џенова, Балардини, и селекторот на Македонија, Игор Ангеловски изјавија дека Горан Пандев сигурно може да одигра уште една сезона на највисоко ниво и тие ќе се обидат да го убедат да продолжи да игра.

Веројатно наскоро ќе ја дознаеме конечната одлука на Горан Пандев, дали ќе ја одложи пензијата за уште една сезона или денешниот меч за Џенова беше и негов последен во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×