185
Пред почетокот на подготовките за оваа сезона Роналд Куман му се заблагодари на Луис Суарез, му рече дека не е доволно добар за да продолжи да игра за Барселона и може да си бара нов клуб.
Барселона го продаде Суарез во директен ривал за титулата, во Атлетико Мадрид и погреши.
Луис Суарез оваа сезона во Примера постигна 21 гол имаше и три асистенции, беше убедливо најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид, а денеска го постигна и победничкиот гол против Ваљадолид. Уругваецот ја направи разликата и му ја донесе титулата на Атлетико Мадрид. Секоја чест.