Во пресрет на
утрешниот дуел помешу Болоња и Јувентус, Синиша Михајловиќ раскажа интересна
приказна на прес-конференцијата.
„Синоќа бев во
болница на тестови, па ми дадоа анестезија и заспав. Сонував како Дибала се
подготвува да шутира од белата точка, Јувентус имаше пенал на 0-0“ – вели тренерот
на Болоња.
„Дали погоди? Ме
разбудија баш во тој во момент. Им реков на сестрите, „Нели можевте да почеката
уште некоја минута?“ Па не знам дали погоди или не“.
Србинот пред
неколку дена изјави дека не сака некој аматер судија да ја дели правдата и
изрази надеж дека ќе ги добие Валери или Џакомели и токму тоа се случи, првиот
ќе ја дели правдата а вториот ќе биде задолжен за ВАР.
„Па штом сум погодил
кои ќе бидат судиите, можеби ќе го погодам и ова…“
Јувентус утре
треба да ја победи Болоња и потоа да чека кикс на Милан или Наполи за да
обезбеди настап во Лигата на шампиони.