Во минатото, во Шпанија често се случуваше клубовите да добиваат премија од друг клуб за да победат или
ремизираат во последното коло со цел да им направат услуга во трката за титулата, опстанок или настап во Европа.
Иако ваквата
практика сега е забранета, Реал Мадрид ќе има помош во битката со Атлетико
Мадрид за титулата во Ла Лига.
Фудбалерите на Ваљадолид
ќе добијат премија од по 150.000 евра доколку успеат да ги совладаат
„колчонероси“. Сепак, тука нема ништо спорно, ветувањето е дадено од Роналдо, кој е сопственик
на клубот и сака неговите играчи да бидат дополнително мотивирани во битката за
опстанок.
Но на Ваљадолид
само победа против Атлетико не му значи ништо, ќе треба да се надеваат и на
неуспех на Елче и Уеска.